Во големата трагедија која се случи во дискотеката во Кочани, каде животот го загубија 59 лица, а голем број на лица се повредени кои се на лекување во Македонија и странство.
Поранешниот фудбалер, а сега тренер, Пецо Грозданоски понуди помош за семејствата чии најблиски се испратени на лекување во Белград, Србија.
Грозданоски ја отвара вратата на својот дом и понуди било каква помош, а тој ја контактираше нашата редакција и сподели контакт со цел да може да го контактираат сите кои имаат потреба од помош во Белград.
Пецо Грозданоски е татко на Дарко Грозданоски, фудбалерот кој настапува за охридскиот прволигаш Воска Спорт.