Втора лигаФудбал

Борец и Осогово во директен дерби дуел за опстанок – трите бодови повеќе од важни!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Се разгорува битката за опстанок во Втората лига, Осогово е во ситуација каде може да се надева и на директен опстанок, па да го направи тоа што успеа лани Каменица Саса, кога од тим „закован“ на дното отпишан од сите успеа да избори опстанок во последното 30. коло и со тоа да игра и оваа сезона во Втората лига.

Но, за да се случи тоа ќе треба Осогово в недела да триумфира против Борец во Велес, во дербито од дното во дербито за опстанок.

Борец го пречекува Осогово и ова ќе биде меч како тој од претходното коло во Богданци, каде Борец загуби со 2:0 од Вардарски и направи чекор назад во трката за директен опстанок, а сега не смее тимот на Горан Симов за погреши против „жетварите“ од Кочани.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ВТОРАТА ЛИГА:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 1932 АД 20 14 3 3 37 8 +29 45
2 АД ФК Башкими 1947 Куманово 20 14 3 3 33 15 +18 45
3 ФК БРЕГАЛНИЦА 2008 АД 20 13 4 3 30 17 +13 43
4 ФК АРЕСИМИ-1973 20 12 3 5 33 18 +15 39
5 ФК КАМЕНИЦА САСА 20 9 5 6 34 24 +10 32
6 ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС 20 9 4 7 25 23 +2 31
7 ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 20 7 9 4 27 19 +8 30
8 ФК СКОПЈЕ АД 20 7 9 4 24 17 +7 30
9 ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА 20 7 9 4 21 15 +6 30
10 ФК БЕЛАСИЦА АД 20 6 7 7 22 23 -1 25
11 ФК ПОБЕДА АД 20 6 3 11 23 29 -6 21
12 ЗФК НОВАЦИ 2005 20 5 5 10 19 25 -6 20
13 ГФК ВАРДАР Неготино 20 6 2 12 24 36 -12 20
14 ГФК ОСОГОВО 20 3 4 13 16 37 -21 13
15 ФК БОРЕЦ 1919 АД 20 2 4 14 11 35 -24 10
16 ФК ВАРДАРСКИ 20 2 2 16 15 53 -38 8

Гледајте ја табелата и фактот што има во игра уште 30 бодови математички многу работи се можни, но дали тоа ќе биде така и во пракса?

Во претходното коло Борец „киксна“ во Богданци, Вардарски беше тој тим кој повеќе ја сакаше победата и играше многу добро на теренот, затоа и трите бодови останаа во Богданци, а пак Осогово загуби со 1:2 од Брегалница во Кочани на свој терен, иако „жетварите“ беа блиску до бод, кога при 1:1 Брегалница со гол од пенал на Калпачки дојде до 1:2, па Осогово остана без бодови.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | Вардарски – Борец, 20. коло Втора лига

Мотивот е голем, но и притисокот исто така е голем. За Осогово ова е повеќе од идеална шанса ако победи ќе дојде на само четири бодови од зоната која гарантира директен опстанок, бидејќи над Осогово е Вардар Неготино и Новаци со по 20 бодови, а пред овие две екипи се тешки натпревари. Вардар Неготино оди кај Башкими каде тимот од Куманово ќе биде повеќе од голем фаворит во однос на тимот од Неготино, а пак Новаци ќе има неизвесно гостување во Струмица кај Беласица.


Осогово ќе има два услови, првиот да победи против Борец во Велес, а вториот да чека порази на Вардар Неготино и Новаци е тек тогаш ќе гледаме вистински „хаос“ за опстанок.

Во првото соочување од 6. коло кое беше на 28. септември минатата година во Кочани, екипата на Осогово беше подобра со минимални 1:0.

Традицијата е на страната на Борец барем ако ги гледаме нивните меѓусебни дуели од 14. ноември 2017 година. Овие две екипи се соочиле на пет натпревари, од кои четири во рамки на Втората лига и еден пријателски меч.


Борец има три победи, а Осогово една, сите во Втората лига, а пријателскиот меч заврши без победник (2:2). Осогово ќе ја бара првата победа во Велес, а традицијата вели дека треба да има

МЕЃУСЕБНИ НАТПРЕВАРИ НА ОСОГОВО И БОРЕЦ:

28.09.2024 ОСОГОВО 1:0 БОРЕЦ (ВТОРА ЛИГА)
23.07.2024 БОРЕЦ 2:2 ОСОГОВО (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)
07.04.2018 БОРЕЦ 1:0 ОСОГОВО (ВТОРА ЛИГА)
13.03.2018 БОРЕЦ 2:1 ОСОГОВО (ВТОРА ЛИГА)
14.10.2017 ОСОГОВО 1:2 БОРЕЦ (ВТОРА ЛИГА)

Традицијата вели дека треба да очекуваме најмалку два гола во Велес, но не повеќе од четири погодоци. Двете екипи се со идентична форма од последните пет натпревари, односно и двете екипи имаат пет бода од можни 15 на последните пет натпревари.

Двете екипи имаат по една победа, по две ремија и по два порази. Од аспект на нападот тој на Осогово е подобар со 16 постигнати гола, во однос на Борец кој е најслаб со само 11 гола, а пак од аспект на одбрата и двете се едни од најслабите. Најслаба одбрана има Вардарски со примени 53 погодоци, потоа следува на Осогов осо 37 примени погодоци, па на Вардар Неготино со 36 примени погодоци, па доаѓа одбраната на Борец која има примено 35 гола.


Според учинокот од досегашниот тек од сезоната, Борец има две победи, четири ремија и 14 порази, а пак Осогово има три победи, четири ремија и 13 порази. Многу слично играат и двете екипи.

Борец минатата сезона преку баражот се врати експресно од Трета лига – Југ во Втората лига, а пак Осогово во последното коло го потврди директниот опстанок во Втората лига.

Натпреварот во Велес меѓу Борец и Осогово во битката за опстанок се игра в недела од 15 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Дури девет фудбалери го пропуштаат 21. коло на Втората лига поради пет жолти картони!

Поради акумулирани пет жолти картони девет фудбалери од седум екипи го пропуштаат 21. коло на Втората лига. Поради жолти картони овој викенд односно...

Втора лигаФудбал

Борец и Осогово во директен дерби дуел за опстанок – трите бодови повеќе од важни!

Се разгорува битката за опстанок во Втората лига, Осогово е во ситуација каде може да се надева и на директен опстанок, па да...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Дури девет фудбалери го пропуштаат 21. коло на Втората лига поради пет жолти картони!

Поради акумулирани пет жолти картони девет фудбалери од седум екипи го пропуштаат...

ФудбалЧетврта лига

На 23 март започнува пролетниот дел во Општинската фудбалска лига во Охрид

На 23 март започнува пролетната полусезона во Општинската фудбалска лига во Охрид...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!