РакометРакометна репрезентација

Македонија одлично отвори, но сепак загуби од Словенија во Скопје со шест гола разлика!

Сподели
Сподели

Со прво одлично и второ лошо полувреме, Македонија загуби од Словенија во Скопје со 26:32 во рамки на квалификациите за Европското првенство кое се игра во 2026 година.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров имаше одлично прво полувреме откако мечот го отворивме со 2:0, а потоа имавме серија од плус четири за 7:3, па на два наврати имавме и плус шест при 10:4 и 11:6, за потоа Словенија во неколку серии дојде до 16:15 на полувреме.

Дополнителен проблем за Македонија беше црвениот дактон на Карасманакис во 21. минута.

Во вториот дел Словенците стигнаа до серија од плус два при 20:22, а потоа имаа серија и плус пет за 22:27 и тука веќе противникот започна да има контрола над резултатот, за на крај конечниот исход да биде победа за Словенија од конечни 26:32.

Филип Кузмановски беше најдобар стрелец со десет гола, Марко Митев постигна пет гола, додека пак кај Словенија најдобар беше Алекс Влах со десет гола, а пак Блаж Јанц постигна седум гола. Дополнително заа Словенија предност беше расположениот голман Јоже Базник кој имаше 12 одбрани пред се во клучни моменти од натпреварот кој се играше во Скопје.

Следен натпревар за Македонија ќе биде против Словенија на 16. март на гостински терен.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Ракомет

Моралес: „Во второто полувреме влеговме многу пофокусирано“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без победник, откако двете екипи одиграа 28-28 во салата „Билјанини извори“. Натпреварот...

Поврзани написи
Ракомет

Моралес: „Во второто полувреме влеговме многу пофокусирано“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без...

Ракомет

Алкалоид поднесе жалба: Скандалозно судење на натпреварот против ГРК Охрид

Алкалоид ремизираше со Охрид во „Билјанини Извори“, откако двете екипи одиграа 27:27...

Ракомет

Прилеп со силен финиш го „скрши“ Куманово, Цветаноски блесна со осум гола

Ракометарите на Прилеп стигнаа до нова победа во плеј-аут фазата од Суперлигата,...

Ракомет

Пилиповиќ: „Покажавме карактер и се вративме по тежок почеток“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!