Прва лигаФудбал

Скопското дерби меѓу Работнички и Вардар за охриѓанецот Бафто, Грујоски ќе го суди дербито покрај езерото!

Сподели
Сподели

Во среда се играат натпреварите од вонредното 22. коло на Првата македонска фудбалска лига, а веќе се познати и судиите кои ќе бидат задолжени да ја делат правдата на сите шест прволигашки натпревари.

Во Кавадарци ќе се соочат Тиквеш со Шкупи, каде главен судија ќе биде Влатко Илиоски од Прилеп, главен судија на натпреварот меѓу Пелистер и Воска Спорт ќе биде Фуркан Идризи.

Игор Стојчевски ќе ја дели правдата на мечот меѓу Брера Струмица и Гостивар, скопското дерби меѓу Работнички и Вардар го доби охриѓанецот Фатмир Бафто.

Бењамин Ќерими ќе им суди на Беса и Силекс во Гостивар, а пак дербито покрај езерото меѓу Струга и Шкендија го доби Александар Грујоски.

Натпреварите ќе започнат во 14 часот.

  • ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 22. КОЛО ПРВА ЛИГА:

Тиквеш – Шкупи, Влатко Илиоски (Прилеп)
Пелистер – Воска Спорт, Фуркан Идризи (Тетово)
Брера Струмица – Гостивар, Игор Стојчевски (Скопје)
Работнички – Вардар, Фатмир Бафто (Охрид)
Беса – Силекс, Бењамин Ќерими (Скопје)
Струга Трим Лум – Шкендија, Александар Грујоски (Кичево)

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Штип носи прва шанса за поправен: Македонија против Естонија во трката за следната рунда

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија в сабота, на 14 ноември од 18 часот, ќе ја пречека Естонија во спортскиот центар „Џексон“ во Штип....

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!