Младински фудбалФудбал

Фудбалот се врати во Куклиш: ФК Интер Кукла започна со првиот тренинг, голем интерес кај дечињата!

Сподели
Сподели

Од денес се враќа фудбалот во струмичко Куклиш, со првиот тренинг ФК Интер Кукла од Куклиш означи официјален почеток на своето фудбалско патување.

По згаснувањето на ФК Академија Кукла, во Куклиш немаше фудбал се до денес кога тренерите Васко Панов, Зоран Петров, Васко Тодоров и Кире Темелков решија да го вратат фудбалот во Куклиш преку ФК Интер Кукла.’

Ова е важен момент пред се за младите бидејќи преку спортот тие се градат во правилни личност и пред се карактерно со вистински вредност, а секако спортот е многу важен и од здравствен аспект.

Младите ќе од Куклиш, но и сите други дечињата од овој регион ќе имаат можност да започнат да тренираат фудбал, да веруваат во себе, да се вложат во себе, а секако со добра работа на тренерите на ФК Интер Кукла Куклиш тие да изградат големи фудбалски кариери, да заиграат во некој од нашите најдобри клубови, но и да нарпават фудбалска кариера и во странство.

Сите кои се заинтересира може да ги контактираат тренерите со цел упис на дечињата, а интересот за фудбалот во овој регион е голем.

Од клубот најавуваат дека ова е само почеток, што значи дека во следниот период клубот чекор по чекор ќе се надоградува.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

Трета лигаФудбал

Вардар Неготино суспендиран од Трета лига регион 4 поради неисполнети финансиски обврски

Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од...

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!