Утре со натпреварот меѓу Вардар и Беса ќе биде отворено 21. коло од Првата македонска фудбалска лига, а ќе се затвори со останатите пет натпревари во недела.
Познати се и судии кои ќе бидат задолжени да ја делат правдата на сите шест натпревари од оваа рунда.
Натпреварите ќе започнат во 14 часот.
- ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 21. КОЛО ПРВА ЛИГА:
Шкендија – Тиквеш, Фатмир Бафто (Охрид)
Силекс – Струга Трим Лум, Стојанче Трпчевски (Кавадарци)
Вардар – Беса, Јован Качевски (Струга)
Гостивар – Работнички, Игор Стојчевски (Скопје)
Воска Спорт – Брера Струмица, Благојче Ралевски (Битола)
Шкупи – Пелистер, Игор Иванов (Велес)