КупФудбал

Детонит Плачковица и Арсими со историско четвртфинале, две големи прволигашки соочувања во Куп

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Денес се играат натпреварите од четвртфинале на Купот на Македонија, во кое учествуваат шест прволигаши со амбиции за освојување на Купот, како и два второлигаши кои се првпат ќе играат четвртфинале.

Детонит Плачковица е тим кој за првпат игра во четвртфинале од Купот на Македонија, откако во осминафиналето го елиминираше прволигашот Пелистер во Битола преку пенали и со тоа радовишани обезбедија историско четвртфинале.

Арсими, пак, го елимираше охридскиот прволигаш Воска Спорт и со тоа се најде во четвртфиналето, за тимот од Чегране историско.

Денес во Радовиш гостува прволигашот Шкендија од Тетово, тим кој ќе атакува на освојување на двојната титула, поранешниот шампион е лидер во Првата македонска фудбалска лига и во Радовиш доаѓа како голем фаворит.

Арсими ќе има гостување во Струмица кај прволигашот Брера Струмица, каде сигурно е дека засилениот Арсими кој атакува на местата за влез во Прва лига, ќе биде незгоден протовник за струмичани.

Прволигашки дерби натпревари ќе има меѓу Струга Тим Лум и Гостивар, каде стружани ќе сакат да вратат за поразот во првенството, а пак Вардар ќе се соочи со Силекс, каде двете екипи ја посакуваат Куп титулата која им носи „виза“ за Европа.

Ова ќе има нов освојувач во Купот на Македонија, минатата сезона Тиквеш испиша историја освојувајќи го Купот и со тоа обезбеди историски излез во Европа, но не успеа да го одбрани, откако во осминафиналето беше запрен од Вардар.

Натпреварите ќе стартуваат во 14 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!