Прва лигаФудбал

Бесарт Ибраими е најдобар стрелец во Прва лига, постигнати неколку автоголови!

Сподели
ФОТО: KF Shkëndija
Сподели

По 20 одиграни кола во Првата македонска фудбалска лига најдобар стрелец е Бесарт Ибраими со постигнати десет погодоци.

Најдобриот стрелец во мак-фудбалот кој го носи дресот на Шкендија е на добар пат да биде најдобар стрелец за сезона 2024/2025.

По девет погодоци имаат Ѓорѓе Ивковиќ, но тој останува на овие погодоци постигнати во есенскиот дел, откако интернационалецот од Србија го напушти тимот на Брера Струмица, ас о тоа и македонскиот шампионат и се пресели во Казахстан.

Девет гола има и Оланревају Мухаммед Кехинде, фудбалерот на шампионот Струга Трим Лум, а пак осум гола има Атдхе Мазари, кој го носеше дресот на Работнички, а сега се пресели во тимот на Вараждин од Хрватска.

Два автоголови си има постигнато фудбалерот на Струга Трим Лум, Сава Радич, а по еден автогол Дин Аломеровиќ од Работнички, Костадин Захов од Беса, Јасмин Мециновиќ од Вардар, Мичал Пинтер од Вардар и Малик Хамзиќ од Гостивар.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!