Прва лигаФудбал

Во Охрид се игра дерби за опстанок, Вардар на дерби со Шкендија, Гостивар во дуел со шампионот Струга

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Со натпреварите од 19. коло денес стартува пролетната полусезона во Првата македонска фудбалска лига, каде очекуваме повеќе од неизвесна пролет и за долниот и за горниот дел од табелат.

Силекс, Шкендија, Работнички, Гостивар и актуелниот шампион Струга Трим Лум ќе ја водат битката за титулата и за местата кои водат кон Европа, додека пак сите останати екипи ги очекува трката за сигурен и директен опстанок во Првата лига, бидејќи никој не е сиурен, една победа може некоја екипа да издигне до средината од табелата, еден пораз да ја спушти надолу.

На стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид ќе се игра дерби од дното на табелата меѓу Воска Спорт и Беса од Добри Дол, двете екипи ги очекува тешка борба за опстанок, па денешниот нивен дуел им е важен за трите бодови.

Во Кратово лидерот Силекс ќе го пречека актуелниот освојувач на Купот на Македонија, екипата на Тиквеш од Кавадарци, каде Силекс сака три бодови за да го продолжи победничкиот поход од есенскиот дел и да ја донесе титулата во Кратово, а пак Тиквеш сака триумф за победнички да го отвори делот со цел да може избори опстанок.

Дерби ќе играат Гостивар и шампионот Струга во меѓусебно соочување каде Гостивар покрај тоа што бара излез во Европа, сака и титула, а пак Струга ќе има тешка пролет за да ја одбрани титулата. Двете екипи сигурно е дека ќе сакаат со триумф да го започна пролетниот дел и успешно да го отворат вториот дел од сезоната.

Вардар и Шкендија во директен ерби дуел, двата поранешнио шампиони во минатото водеа борби за Европа и титулата, а сега Вардар води борба за опстанок, а Шкендија за титула. Без разлика на тоа што Вардар е долу на табелата, а Шкендија во горниот дел, лутите ривали на теренот ќе водат голема борба за трите бодови.

Вардар е во изменет лик со цел да внесе свежина и квалитет во своите редови за пролетнито дел од сезоната, каде секој меч ќе биде повеќе од важен со цел да се соберат бодови за оптанок.

Брера Струмица синоќа замина во Битола, во карантин за денешниот меч со Пелистер, кој се игра на стадионот „Петар Милошевски“, а каде двете екипи кои имаат по 19 бодови на табелата ќе атакуваат на триумф. Во првото соочување во Струмица, Брера со 4:0 го декласираше Пелистер, а сега битолчани ќе сакаат „одмазда“ за тој висок триумф.

Шкупи ова сезона не игра во тој победнички ритам во однос на претходните сезони, ова сезона Шкупи речиси и ќе остана без излез во Европа, а е далеку од конкурентен тим за борба за титула, но ќе важи за тежок противник особено на домашен терен за екипите кои се борат за титула, во случајот тоа денес ќе биде Работнички.

„Романтичарите“ сакаат титула и се на добра пат за тоа, а денес мечот со Шкупи ќе биде тест за тоа колку „романтичарите“ ја темпирата формата и дали се доволно подготвени за титула.

Натпреварите од првото пролетно коло се играат денес, а стартуваат во 14 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026 година, Вардар ЕМ, ќе ги одмерат силите во женскиот натпревар од...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти за македонската одбојка – јубилејното 50. издание на меморијалниот турнир и...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

ФОТО: Детска недела со Брера: Околу 100 дечиња уживаа во спортска дружба во Струмица

По повод Детската недела, ФК АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект подготвува голема трансфер „бомба“

Македонскиот футсал шампион Проект кој минатата сезона ја освои по првпат двојната...

Прва лигаФудбал

Деветтото коло на ПМФЛ во три дена: Тиквеш – Брегалница во 12 часот, Башкими и Струга го затвораат колото

Деветтото коло на Првата македонска фудбалска лига се отвара во сабота во...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Кои екипи имаат максимален ефект во Третата лига, а кои разочараа по четири кола?

По четири одиграни кола во шестте региони на Третата македонска фудбалска лига,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!