Втора лигаФудбал

ФОТО: Вардар Неготино го реши Осогово, потоп за Вардарски, кикс на Брегалница, „лавовите“ тргнаа победнички!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Денес стартуваше пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига, со натпреварите од 16. коло или првата пролетна рунда.

Лидерот Македонија ЃП пролетниот дел го отвори на „Билјанини Извори“ каде гостуваше кај Охрид, во натпревар каде „лавовите“ беа минимално подобри со голот на Кире Маркоски во 76. минута.

На стадионот „Благој Истатов“ во Струмица, Беласица го пречека Арсими, во меч каде гостинот со минимални 0:1 прослави победа со голот на Арлинд Алити во 62. минута.

Каменица Саса поради суспензијата на Градскиот стадион во Македонска Каменица на два натпревари, за што веќе информираше Спортска Мрежа, како домаќин против Кожуф играше на стадионот „Кукуш“ во Турново. Исходот од мечот на „рударите“ и гостинот од Гевгелија кој е во изменет лик беше 1:1.

Давид Голубов погоди во 84. минута за 1:0, а Сашо Дуков во 91. минута ги постави конечни 1:1 за поделба на бодовите.

Башкими кој цели кон враќање во Првата лига, пролетната полусезона ја отвори против Борец во меч каде велешани откинаа бодови од фаворитот и во Велес се враќат со златен бод. Во 84. минута од мечот Христијан Митревски постигна гол за водство на Башкими од 1:0. Мечот беше продолжен за 15. минута, поради технички проблем на натпреварот, а во 90 + 15. минута Митревски си постигна автогол.

„Поради технички проблем натпреварпт беше продолжен 15 минути. Додека траеше прекинот играчите беа на терен. Натпреварот одигран според ПФИ на ФФМ“, се вели во записникот од мечот.

Детонит Плачковица кој направи големи измени во тимот и се засили со млади и проверени играчи, денес на гостувањето кај Новаци радовишани мораа да се задоволат со бод, откако двете екипи одиграа 0:0.

На Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, екипата на Победа го пречека тимот на Брегалница, каде немаше победник (0:0). Победа извлече златен бод против Брегланица која не тргна според посакуваното во вториот дел и ќе ја очекува тешка борба за второто место.

Вардарски промени комплетно се што можеше, има нов тренер и речиси комплетно нов состав, а денес на Градскиот стадион во Богданци против Скопје пролетниот дел го отвори со убедлив пораз од 0:3 и со тоа плановите за директен опстанок на тимот од Богданци одат во втор план, ќе се насочат кон баражот.

Ерион Шуку и Петар Алексовски беа стрелци за 0:2 на полувреме, а во вториот дел Борјан Наков ги реши сите дилеми, трите бодови заминаа во Автокоманда.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

На „Цвај арената“ во Неготино се одигра дерби од дното на табелата на две екипи кои ќе водат борба за опстанок, Вардар Неготино против Осогово забележа минимална победа (1:0) со голот на Давид Спасов постигна во 45. минута. Лошиот терен не дозволуваше допадлива игра од страна и на двете екипи, најчесто особено во првиот дел од мечот се играше со високи топло, чести прекини, избивање на топка и чести аути.

Во вториот дел Вардар Неготино тргна многу подобро, веројатно стратегот Горан Тодорчев поделил неколку совети со што домаќинот тргна одлично, со две пречки и неколку шанси кои не ги реализраа, а пак Осогово имаше свои моменти, но беше сепак голманот Ѓорѓиевски ја сочува чиста мрежата. Трите бодови останаа во Неготино, а пак Осогово сега оди два чекори назад за директен опстанок.

 

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

Натпреварот во Неготино започна со едноминутно молчење во чест на Фросина Кулакова, која беше прегазена на „Партизанска“ во Скопје, а верните навивачи „Винари“ со транспарент бараа правда за Фросина.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

ФК Интер Кукла го оживува духот на Куклиш – „Стари vs. Млади“ ќе го обедини сето фудбалско семејство

Во Куклиш владее вистинска фудбалска еуфорија пред големиот пријателски спектакл што го организира ФК Интер Кукла. На 14 декември (недела), клубот ќе биде...

Втора лигаФудбал

ФОТО НА ДЕНОТ: Охрид е есенски шампион во Втора лига

Охрид е есенски шампион во Втората македонска фудбалска лига – „рибарите“ ја имаат победничката фотографија на денот! Охриѓани одиграа фантастична есен истата ја...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФК Интер Кукла го оживува духот на Куклиш – „Стари vs. Млади“ ќе го обедини сето фудбалско семејство

Во Куклиш владее вистинска фудбалска еуфорија пред големиот пријателски спектакл што го...

Втора лигаФудбал

ФОТО НА ДЕНОТ: Охрид е есенски шампион во Втора лига

Охрид е есенски шампион во Втората македонска фудбалска лига – „рибарите“ ја...

Трета лигаФудбал

Превалец е есенски шампион во Трета лига – Југ, Росоман со победа ја заврши 2025 година!

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига –...

Прва лигаФудбал

Силекс и Брера со големи гостински победи – Работнички и Шкупи во длабока криза пред зимската пауза

Последното коло во есенскиот дел од Првата македонска лига донесе јасна слика...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!