Трета лигаФудбал

Поранешниот прволигашот Ренова во новата сезона ќе игра во Трета лига – Запад!

Сподели
Сподели

Поранешниот прволигаш Ренова во новата сезона ќе игра во Третата македонска фудбалска лига – Запад.

Популарните „гипсари“ во сезона 2022/2023 се откажаа од натпреварување во Првата македонска фудбалска лига, а тоа значеше преселба во Општинската фудбалска лига во Тетово или Четвртата лига.

Минатата сезона Ренова играше во Општинската фудбалска лига во Тетово и заврши на четвртото место на табелата и со тоа обезбеди место во Трета лига – Запад, заедно со екипите на Велазерими од Слатино кој беше прв, Доброшти и Вардар 2022 од Брвеница. Целта на екипата ќе биде враќање во Втора, а потоа и во Првата македонска фудбалска лига, односно враќање на старите патеки.

Ренова во сезона 2009/2010 ја освои Првата македонска фудбалска лига, а во сезона 2011/2012 го освои Купот на Македонија.

Во рамки на првото коло од новата сезона во Трета лига – Север, екипата на Ренова ќе се соочи со Доброшти.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во Струмица, односно Општинската лига, која стартува веќе во недела, а ќе...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска...

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!