Трета лигаФудбал

Викендот започнува новата сезона во Трета лига – Запад со 13 екипи!

Сподели
Сподели

Овој викенд ќе започне новата натпреварувачка сезона 2024/2025 во Третата македонска фудбалска лига – Запад, во која ќе се натпреваруваат 13 екипи, што е повеќе во однос на ланската сезона кога беа осум екипи.

Во новата сезона ќе се натпреваруваат Љуботен, шампионот Влазерими кој не го помина баражот вторпат во низа, Дрита, Зајази, Камјани, кичевски Напредок, Речица и Џепчишти, Тетекс кој лани испадна од Втора лига, како и екипите кои доаѓаат од ОФЛ Тетово односно Влазерими од Слатино, Добришти, некогашниот прволигаш Ренова и Вардар 2022 од Брвеница.

Во рамки на првото коло Љуботен на домашен терен ќе се соочи со новајлијата Вардар 2022 од Брвеница, екс прволигашот Ренова против Доброшти, Камјани во дуел со Дрита од Боговиње, Речица ќе игра со вицешампионот Цепчишти, шампионот Влазерими ќе го пречека ланскиот второлигаш Тетекс, а пак Велазерими од Слатино против Зајази.

Во рамки на првото коло слободна ќе биде екипата на Напредок, која во минтото беше дел од Првата лига.

Тоа што е познато е дека шампионот нема директен влез во Втора лига, па така Влазерими два баражи по ред губи и не поминува за влез во Втора лига, а и во новата година шампионот ќе игра бараж за можен влез во второлигашкото друштво.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот, откако на гостувањето во Солун претрпе убедлив пораз од грчки Ираклис...

Кошарка

ТФТ го затвори шестото коло со драма, четири екипи се израмнија зад МЗТ

ТФТ го совлада МКК Куманово со 89:87 во Скопје и го комплетираше шестото коло во МТЕЛ Суперлигата. Сила ги погоди двете решавачки слободни...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!