Ракомет

Еурофарм Пелистер пред голем предизвик – дуел со Спортинг во Лигата на шампионите!

Сподели
Сподели

Во четврток во 20:45 часот, екипата на Еурофарм Пелистер ќе се соочи со португалскиот гигант Спортинг во пресметка која ќе има огромно значење во Лигата на шампионите.

Битолчани се подготвени за овој голем предизвик, и со голема самодоверба ќе се обидат да го изненадат фаворитот на теренот во Лисабон.

Спортинг, екипа со силна историја и играчи од највисок ранг, е неизбежен ривал, но Пелистер има оружје за да се бори. Подготвени за жесток натпревар, битолчани ќе покажат дека македонскиот ракомет може да се соочи со најдобрите во Лигата на шампионите. Еден од нашите најискусни голмани во тимот Никола Митревски добро ги познава квалитетите на Спортинг и вели дека ќе им биде тешко ова гостување.

„Спортинг е еден доста незгоден противник кој во последните години воден од браќата Коста игра доста добар ракомет и напаѓачки и дефанзивно. Ќе биде доста тешко да се игра на тој терен во Лисабон. Ние одиме на секој натпревар на победа, без разлика во која конкуренција. Ќе го дадеме својот максимум и се подготвуваме добро за натпреварот. Имаме математики да ја минеме групата, во игра сме и ќе одиме без притисок. Се надевам ќе пружиме добар натпревар. Големите екипи секогаш имаат период на многу натпревари, голем дел од играчите се навикнати на тоа. Сите во Лигата на шампионите имаат ваков календар. Можеби ќе биде проблем за домашното првенство, ама сме го поминале ова“, изјави Митревски.

Шпанскиот стратег на Пелистер, Раул Алонсо, е свесен за квалитетот на Спортинг и нагласи дека натпреварот во Лисабон ќе биде голем тест за неговиот тим.

„Спортинг е одличен тим, тие веќе две-три години работат проект и сите видоа што можат да направат. Први се во лигата, а во Лигата на шампионите котираат исто така добро. Многу играчи настапуваа за Португалија на СП, очекувам тим со огормна самодоверба. Исто така, очекувам и сала која ќе биде нивна поддршка. Ќе биде голем предизвик за нас да одиграме добро во Лисабон. Така е во Лигата на шампионите, тоа е нормално. Мора да го одиграме нашиот ракомет и да бидеме солидни во транзиција. Треба да преземеме контрола врз темпото, мислам дека тоа ќе биде клучно за да им парираме. Мислам дека ова е нивен натпревар, со брз ракомет даваат многу голови. Не знам дали ќе можеме да го задржиме ритамот, ама тоа ни е целта. Треба да се смириме, да не брзаме премногу и да бидеме добри во одбрана. Во нападот работевме доста добро и посветени сме на тој тип на игра“, изјави Алонсо.

Еурофарм Пелистер досега има учинок од две победи, две ремија и шест порази.

Виолета Јанчева за Спортска Мрежа

Сподели

Не пропуштајте

Фудбал

Игор Стојчевски дел од УЕФА програмата за таленти и менторство

Македонскиот судија Игор Стојчевски е избран за учество во новото издание на „Програмата за таленти и менторство“ на УЕФА за сезоната 2026/2027, што...

Трета лигаФудбал

Хоризонт Турново службено го доби мечот со Брегалница Делчево

Натпреварот од 17. коло на Трета лига – Исток меѓу Хоризонт Турново и Брегалница од Делчево заврши со резултат од 1:1, но сепак...

Поврзани написи
Ракомет

Андоновски пред Целје: „Ако ја сопреме нивната брза игра – можеме до поволен резултат!“

Охриѓани ја живеат една од своите најуспешни сезони во својата клупска историја,...

Ракомет

Моралес пред европското полуфинале: ,,Ова е клучен натпревар за да го задржиме нашиот европски сон жив“

Ракометарите на Охрид ги очекува еден од најважните предизвици во сезоната –...

Ракомет

Ракометар доби едногодишна суспензија, РФМ изрече и дополнителни санкции

Дисциплинската комисија на Ракометна федерација на Македонија донесе одлуки за санкции по...

Ракомет

„Ќе оставиме срце на терен!“- Блажески го најави полуфиналето со Целје!

ГРК Охрид го очекува нов голем предизвик на европската сцена – полуфиналниот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!