Втора лигаФудбал

Борец со три гола ја совлада Каменица Саса на пријателски меч

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Борец денес со 3:1 беше подобар на пријателски меч со Каменица Саса, „генералка“ на двете екипи пред почетокот на пролетната полусезона, старт кој е закажан за следната сабота.

Борец на овој меч дојде до триумф преку пресврт, откако на полувреме имаше негатива од 0:2, откако „рударите“ преку Димовски во 22. минута дојдоа до предност од 0:1.

Во вториот дел Османи со два гола во 55. и 75. минута направи пресврт за водство на Борец од 2:1, а пак Хајдари во 80. минута ги постави конечните 3:1.

Пролетната полусезона Борец ја отвара против Башкими на гостински терен, додека пак Каменица Саса отвара против Кожуф, но наместо на домашен терен во Македонска Каменица ќе игра на неутрален терен, бидејќи стадионот е суспендиран на два натпревари.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!