ИнтернационалциФудбал

Стефан Деспотовски нов играч на ОФК Београд

Сподели
Сподели

Нов клуб за пролетната полусезона ќе има македонскиот интернационалец Стефан Деспотовски, кој во српскиот тим пристигна од редовите на Шериф Тираспол од Молдавија, каде немаше доволно минутажа, па сосема очекувано прави преселба.

22-годишниот фудбалер потекнува од младинската школа на Црвена Звезда, а беше дел од тимот на Графичар од Србија, како и Работнички во македонскиот шампионат.

Деспотовски настапуваше за кадетската репрезентација на Србија, а потоа одлучи да настапува за репрезентацијата на Македонија до 21 година.

Новиот тим на Деспотовски се наоѓа на четвртото место на табелата во српската Суперлига со 33 бодови на своето конто, а веќе овој викенд во рамки на 22. коло ОФК Београд ќе игра против Напредак.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!