Фудбалскиот клуб Џокер од селото Фурка кај Дојран е формиран во 2018 година, клуб кој посетува своe играчиште на кое тренираат сите дечиња. Фурка е одлично место, локација на доаѓаат многу луѓе да живеат поради прекрасната местоположба, чистиот воздух и природата.
ФК Џокер се натпреварува со повеќе категории во Детската лига на ФФМ, а во клубот тренираат околу 70 дечиња на возраст од 6 до 13 годишна возраст и во машка и во женска конкуренција.
Во зимскиот период помалите категории на деца имаат можност да тренираат во сала, поради ниските температури, а со дечињата работат тројца тренери кои се од самиот почеток на академијата. Дополнително, од самото формирање на клубот до денес тренерите работат без никаков надомест во клубот, што е за поздравување, бидејќи тренерите се посветени максимално кон децата и љубовта кон децата и фудбалот.
Дечињата кои тренираат не плаќаат членарина на клубот, што е исто така меѓу ретките академии во Македонија, кои ги ослободуваат дечињата од членарина. Џокер досега има земено учествувано на околу 250 турнири како во Македонија така и во странство.
Џокер во Грција неколку пати е освојувач на турнир, како и на турнири во други држави на Балканот. Младите фудбалски таленти на Џокер се подготвуваат за учество на елитен турнир во Франција, каде за првпат ќе учествуваат, а на турнирот ќе настапуваат гиганти како Атлетико Мадрид, Милан, Спортинг Лисабон, Бенфика, Лион, ПСЖ, Андерлехт, Баер Леверкузен и многу други, а Џокер е во група со италијанскиот фудбалски гигант Милан.
Потоа ќе следува турнир во Сандански, Бугарија, во месец април учество на турнир во Равена, Италија, ќе следуваат потоа турнирите во Златибор, Србија, потоа во Аридеа во Грција, Белград во Србија и други турнири.
Џокер има одличен производ на фудбалери, дел од нив настапуваат сега и во други клубови во повозрасни категории, а Џокер е горд на нив и за секој нивен успех. Од клубот за Спортска Мрежа откриваат дека се во план за сезона 2025/2026 да земат учество и во Трета лига, со што фудбалските таленти од Џокер ќе имаат можност да се натпреваруваат и во сениорскиот фудбал бранејќи ги боите на Џокер.
ФК Џокер се подготвува и за организирани на елитен турнир во општина Дојран, а како што најавуваат од клубот за Спортска Мрежа турнирот би бил еден од најголемите во Македонија.