Младински фудбалФудбал

Три години ФК Атлетико 2021: Успешен трет турнир за деца!

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Атлетико 2021 прослави три години од неговото постоење, а по тој повод беше организиран третиот турнир по ред за деца.

На истиот настапија генерација 2011, генерација 2013/2014 и генерација 2015.

Во генерација 20211 победник беше Нова Колонија од Скопје, на второто место заврши Академија Осогово од Крива Паланка, а на третото место Атлетико 2021.

Најдобар играч беше Бафтијар Нено од Нова Колонија, најдобар стрелец Наум Крстевски од Академија Осогово од Крива Паланка, а пак најдобар голман беше Леон Стаменковски од Академија Осогово.

Во генерација 2013/2014 прво место беше Академија Осогово од Крива Паланка, на второто место Осогово од Кочани, а на третото место заврши домаќинот Атлетико 2021.

Најдобар играч беше Христијан Стоилов од Осогово од Кочани, Петар Иванов од Атлетико 2021 беше најдобар стрелец, а пак најдобар голман беше Матеј Милковски од Академија Осогово од Крива Паланка.

Во генерација 2015 прво место освои екипата на Форца Постолов Пандев од Штип, на второто место заврши Атлетико, а пак на третото место екипата на Нова Колонија.

Најдобар играч во оваа генерација беше Филип Андоновски од Форца Постолов Пандев, најдобар стрелец Леон Заов од Атлетико 2021, а пак Дино Манев беше најдобар голман од Форца Постолов Пандев.

На овој трет турнир учество земаат екипите на Нова Колонија од Скопје, Академија Осогово од Крива Паланка, Ранковце, Форца Постолов Пандев од Штип, кочански Осогово, Младост Тошев од Оризари и Атлетико.

Поддржувачи на овој спортски настан беше општина Чешиново Облешево и општина Зрновци, а Спортска Мрежа медиумски го подржува овој спортски настан.

Александар Ванев, Спортска Мрежа

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот, откако на гостувањето во Солун претрпе убедлив пораз од грчки Ираклис...

Кошарка

ТФТ го затвори шестото коло со драма, четири екипи се израмнија зад МЗТ

ТФТ го совлада МКК Куманово со 89:87 во Скопје и го комплетираше шестото коло во МТЕЛ Суперлигата. Сила ги погоди двете решавачки слободни...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!