Ракомет

Винициус за Спортска Мрежа: Охрид има многу добри играчи, добри услови, одлични тренери, Охрид е голем клуб!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Денес ракометарите на Охрид забележаа висока победа на пријателски меч против Куманово, а на овој меч новото засилување на охриѓани, Бразилецот Де Соуза Мораис Каио Винициус настапуваше против својот поранешен клуб, Куманово, откако во овој зимски преоден рок тој го замени дресот на Куманово со тој на Охрид.

Спортска Мрежа разговараше со Винициус после натпреварот, му посакавме добредојде на новиот десен бек во ГРК Охрид, Де Соуза Мораис Каио Винициус, и го прашавме колку е задоволен од новиот клуб, условите, соиграчите, од неговиот нов „дом“ и за тоа што го очекува во наредниов период?

„Имам добар впечаток за клубот, Охрид има многу добри играчи, исто така има добри услови за мене, одлични тренери, пријателски настроени соиграчи, и мислам дека тоа е супер. Всушност, и во Куманово имав добри услови, тренери и многу пријатели, меѓутоа Охрид е поголем клуб, подобар на табелата во Суперлигата, четврто место моментално, па тука гледам можност за мене да напредувам и еволуирам во уште подобар играч. Се надевам дека ќе имаме многу заеднички успеси во остатокот од сезоната“, рече Винициус во ексклузивна изјава за Спортска Мрежа.

Охрид ќе одигра уште еден пријателски меч против Вардар, пред почетокот на пролетниот дел од Суперлигата, кој го отвара во Велес против дебитантот Бисинов.

Сања Секулоска, Спортска Мрежа

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!