ФудбалФудбалска репрезентација

ВИДЕО: Женската А репрезентација на Македонија одигра пријателски меч со репрезентацијата до 17 години

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Во Дојран се одигра пријтелски меч меѓу женската А репрезентација на Македонија и женската репрезентација на Македонија до 17 години, натпревар кој заврши со триумф за А репрезентацијата со резултат од 2:0.

Женската А репрезентација на Македонија во петокот пристигна во Дојран каде е сместена во СЦ „Истатов“, а таму ќе остане до понедленик со цел реализација на тренинг камп во Дојран.

Овој тренинг кампот во Дојран ќе биде подготовка за претстојните натпревари со Косово во февруари во рамките на Лигата на нации. Во сколопот на овие подготовки ќе бидат одиграни и два контролни натпревари со младата женска селекција на Македонија до 17 години, а веќе едниот беше одигран, останува да се одигра уште вториот.

  • ДЕЛ ОД АТМОСФЕРАТА НА НАТПРЕВАРОТ:

Селекторот на женската А репрезентација на Македонија, Александар Андов, преку овој тренинг камп и овие два пријателски натпревари има можност да ја провери формата на фудбалерките пред дуелот со Косово.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

Трета лигаФудбал

Вардар Неготино суспендиран од Трета лига регион 4 поради неисполнети финансиски обврски

Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од...

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!