Трета лигаФудбал

ФОТО: Слога Виница ја започна реализацијата на главната фаза од подготовките во Дојран, ќе одигра два пријателски меча!

Сподели
Сподели

Третолигашот Слога Виница од вчера започна да ја реализира главната фаза од зимските подготовки во Дојран, каде во СЦ „Истатов“ ќе се подигра формата за пролетниот дел, а ќе бидат одиграни и два пријателски меча во Дојран.

Вкупно 26 фудбалери, од кои четири од младинската школа на клубот веќе се во Дојран, каде ќе одиграа пријателски натпревари против второлигашите Кожуф и Вардар Неготино.

Клубот ќе остана седум дена во Дојран, каде СЦ „Истатов“ нуди одлични услови за подготовка и брусење на формата, затоа и Слога Виница се одлични за Дојран и СЦ „Истатов“.

Во пролетниот дел Слога Виница лесно ќе се прошета низ Трета лига – Исток, затоа фокусот веќе се става на баражот преку кои тимот сака да се врати во Втора лига.

Досега тимот се засили со Иван Настевски, Тони Мирчевски, Дарко Стојанов, Филип Николовски, Љупче Христовски, Антонио Столевски, Петар Љамчевски и Виктор Крстевски и Филип Петковски.

Клубот досега одигра еден пријателски меч против Каменица Саса кој заврши без голови, а во Дојран ќе следуваат два теста, првата фаза од подготовките тимот на Емил Грнев ја реализираше во Виница, по што се пресели во Дојран.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид Лихнидос влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен кандидат за првото место пред зимската пауза. Со 28 бода...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој треба да се одиграат на 25 март 2027 година. Ждрепката посака...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид Лихнидос влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!