Ракомет

Прволигашот Астибо се засили со голманката Ана Марија Горговска и крилото Елена Димова

Сподели
Сподели

Женскиот ракометен клуб Астибо од Штип за вториот дел од сезоната се засили со голманката Ана Марија Горговска и крилото Елена Димова. Двете во штипскиот клуб во пакет доаѓаат од екипата на Гевгелија.

„Млади, талентирани и амбициозни, тие доаѓаат од редовите на ЖРК Гевгелија и се подготвени да внесат нова енергија и квалитет во нашата игра“, велат од клубот.

Астибо првата цел ја реализираше со тоа што се избори за место во плеј-офот, а сега за пролетниот дел гради тим за прва победа и во плеј-офот. Штипскиот клуб во плеј-офот забележа два порази од Металург Автокоманда и од шампионот Ѓорче Петров, а вториот дел од сезоната го отвара против Чаир на домашен терен.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус од Лигата на нации, откако во Луцерн загуби од Швајцарија со...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига, откако на гостувањето кај Вибжеже Гдањск одигра 31-31 во натпревар со...

Поврзани написи
Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

РакометРакометна репрезентација

Македонија со познати термини за битката за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација во ноември ќе го започне патот кон Европското првенство...

Ракомет

Еурофарм Пелистер се рехабилитира со убедлива победа кај Бутел

Еурофарм Пелистер вчера стигна до сигурна победа во Супер машката лига, откако...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!