Втора лигаФудбал

Второлигашот Каменица Саса се засили со голманот Гичев, Голубов и Коловски

Сподели
Сподели

Второлигашот Каменица Саса за пролетната полусезона промовираше три засилувања со кои тимот ќе ја засилува конкуренцијата во своите редови.

Се работи за младиот голман Лазе Гицев, кој доаѓа од редовите на Осогово, 19-годишникот е повратник во Саса, а има настапивано и за Слога Виница.

Давид Голубов ќе ја засили офанзивата на десната крилна позиција, се работи за 18-годишен играч кој доаѓа од екипата на Охрид, а има настапувано и за екипата на Илинден.

18-годишниот Стефан Коловски е офанзивец шпиц играч, а во Саса доаѓа исто така од редовите на Охрид. Коловски има настапувано за младинските категории на Работнички.

„ФК Каменица Саса покрај новите засилувања, кои се надеваме дека ќе внесат нова енергија и свежина во играта, продолжува со интензивните подготовки во зимскиот преоден период контролните натпревари со повеќе екипи. Веќе во среда се среќаваме со екипата на Башкими во Куманово. Претходно, одигравме пријателски натпревари со екипите на Осогово во Кочани и со Слога во Виница“, велат од клубот од Македонска Каменица.

Саса вториот дел од сезоната го отвара против Кожуф, но наместо на домашен терен ќе треба да игра на друг терен, поради суспензијата на теренот во Македонска Каменица.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој треба да се одиграат на 25 март 2027 година. Ждрепката посака...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

Поврзани написи
КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!