Втора лигаФудбал

ФОТО: Во снежни услови Крстески означи старт – Новаци ги започна подготовките

Сподели
Сподели

Во снежни услови второлигашот Новаци ги започна подготовките за пролетниот дел, шефот на стручниот штаб, Дарко Крстески, ја имаше првата прозивка и со тоа тимот ги започнува зимските подготовките.

Околу новите засилувања клубот ќе информира во следните денови, а целта на Новаци е сигурен опстанок, кој клубот сака да го обезбеди порано со цел да има мирна завршница од сезоната.

Снегот им прави проблеми на тренерките околу нивниот план за подготовки, но како за едни така и за други, подготовките продолжуваат со тоа што се комбинира со тренинг в сала и со тренинг на терени со вештачка трева.

Есенскиот дел Новаци го заврши на 11. место со 18 бодови, а пролетниот дел го отвара против Детонит Плачковица и тимот на Крстески ќе сака ново изненадување против Детонит Плачковица, откако го совлада во Радовиш со 2:4 во првото есенско коло.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Четири бода предност или израмнување: Вардар и Алкалоид пред дерби што го менува врвот

Вардар влегува во десеттото коло од ракометната Суперлига со девет победи од девет натпревари, но саботното дерби со Алкалоид може значително да ја...

Останато

Министерот за спорт Борко Ристовски оддаде почит на ослободителите на Скопје

Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и претставници на институциите, денеска беше дел од делегацијата која...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!