Втора лигаФудбал

Победа се засили со три играчи – Шабанов, Петроски и Ќерими

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Прилепскиот второлигаш Победа ангажираше три нови засилувања за пролетниот дел од сезоната, пред прилепчани ќе бидат нови предизвици одново борба за опстанок, но сега директен и сигурен, а не како ланската сезона преку бараж.

Насаф Шабанов, Петар Петроски и Метин Ќерими се новите играчи на Победа.

Шабанов доаѓа од второлигашот Новаци, има 25 години, настапуваше и за Братство од Житоше, Локомотива од Градско, Плачковица, Вардар Неготино, Превалец и Беласица, а имаше авантури во Хрватска и Германија.

25-годишниот Петроски доаѓа од третолигашот Слога Виница, тој е повратник во Победа има настапувано за Големо Коњари, Локомотива Градско, Питу Гули, Вардар Неготино и Партизан Обршани.

Ќерими кој има 22 години доаѓа од Вардар Неготино, иако млад има настапувано за повеќе екипи како Шкендија Арачиново, БВК Коњаре, Братство Житоше, Воска Спорт, Братство Влазними и Скопје.

Победа презимува на 12. место со 14 бодови, шест повеќе од бараж зоната, а пролетниот дел го отвара против Брегалница на домашен терен.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Четири бода предност или израмнување: Вардар и Алкалоид пред дерби што го менува врвот

Вардар влегува во десеттото коло од ракометната Суперлига со девет победи од девет натпревари, но саботното дерби со Алкалоид може значително да ја...

Останато

Министерот за спорт Борко Ристовски оддаде почит на ослободителите на Скопје

Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и претставници на институциите, денеска беше дел од делегацијата која...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!