Ракомет

Македонскиот ракомет во црно: Почина Александар Јовиќ

Сподели
Сподели

Тажна вест ја потресе македонската спортска јавност. Ненадејно почина Александар Јовиќ (1973–2025), поранешен македонски репрезентативец и актуелен тренер на Пролет. Неговиот живот згасна на 51-годишна возраст, оставајќи голем белег врз македонскиот ракомет.

Роден во Бјелина, Босна и Херцеговина, Јовиќ имаше богата играчка кариера, носејќи ги дресовите на најдобрите македонски клубови: Јафа Промет, Вардар, Пелистер и Металург, каде што ја заврши својата играчка авантура. Покрај домашните клубови, настапуваше и за меѓународни екипи, како Болоња (Италија), Сплит (Хрватска), Апатин (Србија) и Слобода Тузла (БиХ).

Тренерската кариера ја започна во Металург, каде што беше асистент на Лино Червар, а подоцна самостојно го водеше Металург 2. Голем успех оствари со Еурофарм Пелистер, освојувајќи ја титулата шампион на Македонија по 18 години пауза. Неговата последна тренерска должност беше во Пролет, каде што остави голем печат како лидер и стратег.

Јовиќ беше дел од македонската репрезентација на Светското првенство во 2009 и Европското првенство во 2012 година, станувајќи дел од златната генерација што го вивна македонскиот ракомет на светската сцена.

Со неговата ненадејна смрт, македонскиот ракомет загуби голем човек, професионалец и легенда кој ќе остане запаметен како еден од столбовите на овој спорт.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Четири бода предност или израмнување: Вардар и Алкалоид пред дерби што го менува врвот

Вардар влегува во десеттото коло од ракометната Суперлига со девет победи од девет натпревари, но саботното дерби со Алкалоид може значително да ја...

Останато

Министерот за спорт Борко Ристовски оддаде почит на ослободителите на Скопје

Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и претставници на институциите, денеска беше дел од делегацијата која...

Поврзани написи
Ракомет

Четири бода предност или израмнување: Вардар и Алкалоид пред дерби што го менува врвот

Вардар влегува во десеттото коло од ракометната Суперлига со девет победи од...

Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10....

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!