Прва женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК СЦ Истатов меѓу првите ги започнува подготовките за пролетниот дел во Првата лига!

Сподели
Сподели

Женскиот фудбалски клуб СЦ Истатов меѓу првите ги започнува подготовките за пролетниот дел од Првата лига. Клубот предводен од искусниот стратег и поранешен селектор Кирил Изов имаше успешна есенска полусезона со пласманот во првите пет екипи и влезот во осумте во Купот на Македонија. За пролетниот дел ЖФК СЦ Истатов ќе има сериозни амбиции и токму од тие причини клубот порано ќе ги започне зимските подготовки.

ДОБИВАЈТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР

Шефот на стручниот штаб Кирил Изов за среда, 15. јануари го закажа стартот на подготовките кои ќе се одвиваат во Скопје и во Дојран во СЦ Истатов.

„Самиот пласман на табелата и борбата за Куп трофејот налагаат што подобро да се подготвиме во овој зимски период за да продолжиме со добрите игри и резултати од есенскиот дел. Подготовките ќе се одвиваат во Скопје, а екипата 10 дена ќе престојува во Спортскиот центар Истатов во Дојран каде имаме одлични услови за работа и се надевам дека до почетокот на првенството ќе ја постигнеме оптималната форма. Закажани се пријателски натпревари со шампионот Љуботен на 1. февруари, на 15. февруари играме со соседот ЖФК Скопје, на 22. февруари ќе гостуваме во Речица, додека викендот 08/09. февруари е резервиран за гостување во Србија и двомеч со Машинац во Ниш. Планираме да го засилиме дополнително и тимот, веќе ни пристапи Андреа Коловска од ЖФК Љуботен, во преговори сме со уште неколку млади фудбалерки, но според мене најголеми засилувања за тимот ќе биде враќањето од повреди на стоперот Катерина Петкова и најдобриот стрелец Кристина Петрушевска кои се фит и од 15. јануари ќе се приклучат на тимот и на подготовките“, изјави стратегот Кирил Изов за Спортска Мрежа.

Тимот на СЦ Истатов пролетниот дел го отвара на домашен терен против лидерот Тиверија Брера од Струмица.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Штип носи прва шанса за поправен: Македонија против Естонија во трката за следната рунда

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија в сабота, на 14 ноември од 18 часот, ќе ја пречека Естонија во спортскиот центар „Џексон“ во Штип....

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!