Втора лигаПрва лигаФудбал

Башкими го совлада Работнички на пријателски меч

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Второлигашот Башкими со минимлани 0:1 славеше над прволигашот Работнички на пријателски меч. Паузата особено за второлигашите е предолга, и истите мораат да одиграат пријателски мечеви со цел да ја одржуваат формата.

На стадионот „Алумина“ во Скопје двете екипи одиграа пријателски меч, на кој во 28. минута Аган Сулимани постигна погодок за водство на второлигашот од Куманово.

Во вториот дел од мечот мрежите мируваа, а резултат од 28. минута стана конечен со што Башкими забележа минимална победа над прволигашот Работнички.

Прволигашите со своите првенствени натпревари започнуваат следниот викенд, односно со мечевите од 5. коло, додека пак второлигашите продолжуваат дури на 22. септември со натпревари од 5. коло, а пак на 25. септември (среда) ќе се одиграат натпреварите од 4. коло.

Александар Ванев, Спортска Мрежа

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!