Втора лигаФудбал

Кожуф ремизираше на меѓународен пријателски меч во Грција против АЕП

Сподели
Сподели

Второлигашот Кожуф од Гевгелија долгата пауза поради репрезентацијата на Македонија и настапот на аматерската репрезентација на Македонија на турнир во Србија за одигрување на пријателски натпревар со цел одржување на формата пред продолжението од Втората македонска фудбалска лига.

Во Поликастро, Грција, Кожуф одигра 2:2 против грчкиот третолигаш АЕП. За македонскиот тим стрелци на погодоците беа Гроздановски во 79. минута и Најдовски во 88. минута.

На овој меч Кожуф настапи во комбинирам состав, додека пак грчкиот третолигаш АЕП покажа дека ќе биде фаворит за освојување на својата лига, а со тоа и промоција во Втората грчка лига. Одличен натпревар на двете екипи.

„Оваа прилика сакаме да ја искористиме за да се заблагодариме на домаќините за одличниот прием“, велат од Кожуф.

Пред македонските второлигаши има уште еден слободен викенд, кој ќе биде искористен за нов пријателски натпревар.

Александар Ванев, Спортска Мрежа

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој треба да се одиграат на 25 март 2027 година. Ждрепката посака...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

Поврзани написи
КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!