ИнтернационалциФудбал

Диме Димов започнува нова авантура во индонезиската Лига 1

Сподели
Сподели

Македонскиот дефанзивец Диме Димов ќе ја започне својата прва азиска авантура, откако потпиша договор со индонезискиот клуб Персебаја Сурабаја.

По успешната сезона во Локомотив Софија, 30-годишниот стопер одлучи да се пресели во азискиот фудбал, избирајќи го тимот кој моментално се наоѓа на второто место на табелата во индонезиската Лига 1. Со Персебаја, Димов ќе се обиде да го освои шампионскиот пехар во ова натпреварување.

Првиот натпревар за новиот клуб Димов ќе го одигра на 11 јануари против ПСС Слеман, каде ќе се очекува негово деби на азиското тло.

Димов ја започна својата кариера во Македонија, минувајќи низ клубови како Металург, Кожуф, Гостивар, Хоризонт Турново и Академија Пандев, каде што остави најдлабока трага како капитен. Летото 2023 година замина во Бугарија, а сега ќе се обиде да остави свој белег и во индонезискиот фудбал.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!