Втора лигаФудбал

Деспотовски: Со љубов ја извршував функцијата шеф на стручниот штаб на ФК Кожуф

Сподели
Сподели

ФК Кожуф ќе ја започне пролетната полусезона од Втората македонска лига со нов тренер, откако клубот и досегашниот шеф на стручниот штаб, Филип Деспотовски, ги разделија своите патишта. Деспотовски, кој со љубов и посветеност ја извршуваше својата функција, се огласи со официјална изјава во која се осврна на своето искуство со клубот.

„Со љубов ја извршував функцијата шеф на стручен штаб на ФК Кожуф. Го сакам фудбалот како играч во минатото и сега како тренер и од тие позиции им ја пренесов мојата љубов и знаење на многу млади играчи од младинската школа на ФК Кожуф. Им дадов шанса да го искусат натпреварувачкиот дух и да добијат место во првиот тим. Од мене се очекуваше да го однесам и задржам клубот на средината на табелата во склад со условите и можностите кои беа понудени. На играчите им посакувам успеси во наредната сезона,“ изјави Деспотовски.

Раководството на клубот во моментов активно работи на пронаоѓање нов стратег кој ќе ја предводи екипата во пролетниот дел од сезоната. Преговорите со потенцијални кандидати се во тек, а во наредниот период се очекува официјално претставување на новиот тренер.

ФК Кожуф ја заврши есенската полусезона на делба на осмото место на табелата, со 22 освоени бодови, исто како и екипата на Скопје. Тимот ќе го започне пролетниот дел од сезоната со гостување во Македонска Каменица, каде што на 15 февруари ќе се соочи со домашната екипа на Саса.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!