Прва лигаФудбал

Бабунски сепак нема да биде тренер на Беса, клубот на 10. јануари ги започнува подготовките

Сподели
Сподели

Прволигашот Беса денеска објави соопштение во кое информира дека Бобан Бабунски, кој претходно беше назначен за тренер на екипата, нема да го преземе раководството.

„Бобан Бабунски, кој беше назначен за тренер на тимот, нема да го преземе раководството на екипата. По несогласување и промена на ставот на тренерот во однос на условите што ги договоривме, клубот реши да ја прекине соработката. Екипата со подготвителната фаза ќе стартува на 10 јануари 2025 година! За сите дополнителни промени ќе бидете информирани преку официјалните профили на клубот“, стои во официјалното соопштение на клубот.

Беса исто така најави дека подготвителната фаза на тимот ќе започне на 10 јануари 2025 година.

Очекува се клубот наскоро да објави детали кој ќе биде тренер на клубот.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!