Втора лигаФудбал

Беласица ги закажана пријателските натпревари преку кои ќе ја темпира формата

Сподели
Сподели

Струмичкиот второлигаш Беласица на 9. јануари ќе ги започне подготовките за пролетната полусезона.

Шефот на стручниот штаб Александар Стојанов на 9. јануари ќе ја има првата прозивка со играчите, а во рамки на зимските подготовки екипата ќе одигра шест пријателски натпревари. Првиот дуел е закажан за 17. јануари во Струмица против тетовскиот прволигаш Шкендија. Потоа, на 22. јануари Беласица ќе се соочи со Вардар Неготино, на 25. јануари со Детонит Плачковица, а на 28. јануари ќе одигра пријателски натпревар со Струмска Слава од Бугарија. На 1. февруари е закажан дуелот со Кожуф, додека последниот тест ќе биде на 8. февруари против Септември Симитли од Бугарија.

Беласица есенскиот дел го заврши на 10. место на табелата со 19 бодови на своето конто и ќе се обиде со квалитетна подготовка да го подобри својот пласман во пролетниот дел од сезоната.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!