Втора лигаФудбал

Филип Деспотовски повеќе не е тренер на Кожуф – нов тренер и управа наскоро ќе бидат промовирани

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Кожуф ќе ја започне пролетната полусезона од Втората лига со нов тренер, откако клубот и досегашниот стратег Филип Деспотовски одлучија да ги разделат своите патишта.

Во моментов, раководството на клубот е активно во потрага по нов тренер, а преговорите со потенцијални кандидати се веќе во тек. Се очекува во наредниот период да биде официјално претставен новиот стратег кој ќе ја предводи екипата во борбата за подобар пласман.

Кожуф ја заврши есенската полусезона на делба на осмото место на табелата, израмнет со Скопје, при што двата тима освоија по 22 бодови.

Освен тренерската промена, се најавуваат и значајни промени во управата на клубот. Нови лица ќе ја преземат одговорноста за организацијата и стратегијата на клубот, а новиот тренер најверојатно ќе има можност да направи корекции во играчкиот кадар пред продолжувањето на сезоната.

Пролетниот дел Кожуф ќе го започне со гостување во Македонска Каменица против екипата на Саса, закажано за 15 февруари.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Македонските навивачи го загреваат Глазгов – Кипре и Јована пристигнаа, се подготвува голем собир пред дуелот со Шкотска!

Глазгов полека се обојува во црвено-жолто пред утрешниот фудбалски натпревар меѓу Шкотска и Македонија, кој ќе се одигра на легендарниот „Хампден парк“, со...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Гаштаров: Играме против голема Шкотска, која има квалитетни играчи, но и ние имаме свои имиња кои се во многу добра форма

Фудбалската репрезентација на Македонија утре во Глазгов ја очекува дуелот со Шкотска во рамки на Лигата на нациите. Матеј Гаштаров е еден од...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!