Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Филип Кузмановски – новиот капитен на Македонија на Светското првенство!

Сподели
ФОТО: РФМ
Сподели

Филип Кузмановски, капитенот на Еурофарм Пелистер, ќе ја преземе улогата на капитен на македонската ракометна репрезентација на претстојното Светско првенство. Со ова, Кузмановски ќе го замени досегашниот капитен, голманот Никола Митревски.

Подготовките на нашата репрезентација се во полн ек. Македонија досега одигра три пријателски натпревари – забележа две победи и еден пораз. Следниот тест за „црвено-жолтите“ е закажан за 8 јануари, кога ќе се соочат со Хрватска во Загреб.

На Светското првенство, македонските ракометари се дел од групата Д. Првиот натпревар ќе го одиграат против Унгарија на 15 јануари, потоа ќе се соочат со Холандија на 17 јануари, а групната фаза ќе ја завршат со дуел против Гвинеја на 19 јануари.

Ова Светско првенство ќе биде посебно за Кузмановски, бидејќи за првпат ќе го предводи националниот тим како капитен на едно големо натпреварување. Со неговата енергија и лидерство, се очекува да внесе дополнителна мотивација кај тимот.

Целата нација е зад македонските ракометари, со надеж за успешен настап и добри резултати. Напред, Македонија!

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Македонските навивачи го загреваат Глазгов – Кипре и Јованка пристигнаа, се подготвува голем собир пред дуелот со Шкотска!

Глазгов полека се обојува во црвено-жолто пред утрешниот фудбалски натпревар меѓу Шкотска и Македонија, кој ќе се одигра на легендарниот „Хампден парк“, со...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Гаштаров: Играме против голема Шкотска, која има квалитетни играчи, но и ние имаме свои имиња кои се во многу добра форма

Фудбалската репрезентација на Македонија утре во Глазгов ја очекува дуелот со Шкотска во рамки на Лигата на нациите. Матеј Гаштаров е еден од...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!