Прва лигаФудбал

Струга на 8. јануари ги “пали моторите”, главната фаза ќе се одработи во Анталија

Сподели
ФОТО: ФК Струга Трим Лум
Сподели

Шампионот Струга Трим Лум на 8. јануари ќе ги започне подготовките за пролетниот дел од Прва лига, каде стружани ќе атакуваат на одбрана на титулата.

Првата фаза ќе се одработи во Струга и ќе трае десет дена, по што шампионот на 18. јануари ќе замине за Анталија, Турција, каде ќе ја одработи главната фаза од подготовките.

Во Турција екипата на Струга останува до 1. февруари, додека покрај физичката и техничко-тактичката подготовка, тимот ќе одигра и неколку пријателски натпревари.

Првиот пријателски натпревар на турско тло Струга го игра на 20. јануари кога за противник ќе ја има добро познатата унгарска екипа на Дебрецин.

Корона Киелце од Полска ќе биде вториот противник на 24. јануари, додека само ден подоцна стружани ќе се соочат со Рубин Казањ од Русија.

Четврти противник на Струга во Анталија ќе биде екипата на Кизилхар од Казахстан, додека на последниот дел од јануари, Струга ќе се тестира со Михаловце од Словачка.

Струга на 1. февруари ќе се враќа во Македонија, каде ќе одигра уште неколку пријателски натпревари пред стартот на пролетниот дел од ПМФЛ кој е закажан за 16. февруари. Пролетниот дел шампионот го стартува со дерби дуел против Гостивар.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Гаштаров: Играме против голема Шкотска, која има квалитетни играчи, но и ние имаме свои имиња кои се во многу добра форма

Фудбалската репрезентација на Македонија утре во Глазгов ја очекува дуелот со Шкотска во рамки на Лигата на нациите. Матеј Гаштаров е еден од...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски: Сакам да видам верба, тактички добро да стоиме и да одиграме добар натпревар против Шкотска

Македонската репрезентација во Глазгов ја очекува дуелот со Шкотска во рамки на Лигата на нациите. Предводникот на нашиот национален тим, Гоце Седлоски, ја...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!