ИнтернационалциФудбал

Дарко Тасевски назначен за привремен тренер на Левски Софија

Сподели
Сподели

Поранешниот македонски репрезентативец Дарко Тасевски е назначен за привремен тренер на бугарскиот прволигаш Левски Софија. Клубот, кој е во потрага по нов тренер за продолжението на сезоната, му ја довери клупата на 40-годишниот Тасевски, кој досега беше асистент во стручниот штаб.

Тасевски ќе го води тимот на зимските подготовки, а останува да се види дали ќе добие шанса да ги предводи „сините“ и на натпреварите. Македонецот поголемиот дел од својата кариера го помина токму во редовите на Левски, каде што настапуваше пет сезони како играч. Освен за бугарскиот великан, тој играше и за Цементарница, Вардар, Металург Запорожје, Ирони Киријат, Бангкок Глас, Суханбури, Хон Каен и Славија Софија.

Во дресот на македонската репрезентација, Тасевски запиша 45 настапи, оставајќи значаен белег на национално и интернационално ниво.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски: Сакам да видам верба, тактички добро да стоиме и да одиграме добар натпревар против Шкотска

Македонската репрезентација во Глазгов ја очекува дуелот со Шкотска во рамки на Лигата на нациите. Предводникот на нашиот национален тим, Гоце Седлоски, ја...

Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup, доаѓа со дури четири генерации и носи голема конкуренција. Клубот кој...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!