Останато

(ВИДЕО) По 11 години Охрид конечно ќе добие затворен базен: Обезбедени 470 милиони денари за завршување на проектот

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели



По речиси 11 години од започнувањето на изградбата, затворениот базен во Охрид добива нова перспектива за реализација. Министерството за спорт информираше дека Владата на денешната седница ја усвои точката со која се овозможува продолжување и конечно завршување на изградбата на објектот.

Проектот за затворениот базен започна во 2015 година, но во изминатата деценија остана незавршен. Според Министерството за спорт, во тој период се сменија три влади, додека изградбата не стигна до својата конечна реализација.

По преземањето на надлежностите, Министерството направило детална анализа и ревизија на состојбата на проектот, при што биле разгледани техничките, финансиските и административните проблеми кои со години го попречувале неговото продолжување.

Поддржи ја Спортска Мрежа со симболична донација и помогни ни да продолжиме со промоцијата на македонскиот спорт

Како дел од преземените активности, било утврдено дека е потребна и измена на основниот проект, со што сега се создаваат услови работите да продолжат. За целосно завршување на затворениот базен во Охрид се обезбедени 470 милиони денари.

Завршувањето на објектот ќе има големо значење за спортот во Охрид и во целата држава. Базенот треба да обезбеди современи услови за тренинг и развој на пливачите, особено на младите категории, но и можност за организирање натпревари и други спортски активности.

„Станува збор за еден од најзначајните спортски инфраструктурни проекти во Охрид, кој речиси 11 години стои незавршен. Во изминатиот период се сменија три влади, но проектот не беше доведен до својата конечна реализација. По преземањето на надлежностите, Министерството за спорт пристапи кон темелна анализа и ревизија на состојбата на проектот, со цел да се утврдат сите технички, финансиски и административни пречки кои со години го оневозможуваа неговото завршување. Како резултат на спроведената ревизија, Министерството презеде конкретни чекори за надминување на затекнатите проблеми, меѓу кои и неопходната измена на основниот проект, со што се создаваат услови изградбата конечно да продолжи. За целосно завршување на затворениот базен во Охрид се обезбедени 470 милиони денари. Со ова, по повеќе од една деценија неизвесност и застој, еден од најголемите спортски инфраструктурни проекти во државата добива јасна перспектива за конечно завршување. Министерството за спорт уште нема да дозволи затекнатите проблеми да бидат причина капиталните објекти да останат незавршени и активно работи на изнаоѓање конкретни и одржливи решенија за проектите кои со години стоеле во место. Затворениот базен е инвестиција од огромно значење не само за Охрид, туку и за развојот на пливачките спортови во целата држава. Неговото завршување ќе обезбеди современи услови за тренинг на спортистите, развој на младите категории, организирање натпревари и дополнително унапредување на спортската инфраструктура во градот. Министерството за спорт изразува благодарност до Владата на Република Северна Македонија и до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, за поддршката и за јасната определба за инвестирање во спортот и спортската инфраструктура“, велат од министерството за спорт.

Со реализацијата на проектот, Охрид по повеќе од една деценија би требало да добие современ затворен спортски објект кој ќе претставува значаен чекор во развојот на пливачките спортови и спортската инфраструктура во градот.

Од Министерството за спорт посочуваат дека затекнатите проблеми нема да бидат причина капиталните спортски објекти да останат незавршени, најавувајќи продолжување на активностите за изнаоѓање конкретни и одржливи решенија за проектите кои со години биле во застој.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Успех кој се памти: 4 златни, 3 сребрени и 9 бронзени медали за Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација на силниот меѓународен натпревар „Србија опен 2026“

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација оствари одличен настап на меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Србија опен 2026“, кој се одржа во Нови Сад, Србија. Во...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир Ohrid Winter Cup 2026, кој ќе се одржи од 5 до...

Поврзани написи
Останато

Три македонски одбојкарски екипи во европска акција, Штип УГД пред историски предизвик

Три од четирите македонски претставници во европските клупски одбојкарски купови неделава ги...

Останато

Јонузи и Милевска во европска акција, Фасулева продолжува со победите во Албанија

Македонските одбојкарски репрезентативки и интернационалки Ерјона Јонузи и Андротеа Милевска в четврток...

Останато

Ристовски: Го решивме проблемот што 12 години го кочеше македонското пливање

По повеќе од 12 години, македонското пливање конечно исплива на површина. Националната...

Останато

(ФОТО) Изабела Зајков најдобра домашна борачка, БК Бучим Радовиш прв во екипниот пласман!

БК Бучим Радовиш имаше одличен настап на седмото издание на Меѓународниот турнир...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!