Втора женска фудбалска лигаФудбал

Виолета Јанчева главна во Валандово, Илчо Пауноски го доби дуелот меѓу Менада и Ржаничино

Сподели
Сподели



Утре на програмата ќе бидат натпреварите од второто коло на Втората женска фудбалска лига, а Фудбалската федерација на Македонија ги одреди судиите кои ќе ја делат правдата на истите.

Колото ќе се игра во два дена, утре се играат три натпревари, втората рунда ќе се комплетира дури на 8 октомври.

Утре, во 12 часот во Валандово, ќе се игра дуелот меѓу Победа и дебитантот Топ Грлс од Охрид, каде Виолета Јанчева ќе дели правда, а за помошници ќе бидат Иван Танев и Илија Атанасов.

Во ист термин во село Порој, Џепчиште, ќе се игра натпреварот меѓу Менада и Ржаничино, каде Илчо Пауноски ќе биде главен судија, а ќе му помагаат Марко Бачевски и Генти Идризи.

Во 13:30 часот во Радовиш ќе се одигра средбата меѓу Плачковица и дебитантот Башкими, каде Александра Спасова ќе биде главен судија, а ќе асистираат Николче Симонов и Давор Дишлиевски.



Колото се комплетира на 8 октомври со мечот меѓу Билјанини Извори и Топ Гол, кој ќе се игра во Охрид, а главен арбитар ќе биде Климент Ристоски, а ќе асистираат Марио Мојсоски и Јован Анѓелкоски. Натпреварот е закажан во 15:30 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот, откако на гостувањето во Солун претрпе убедлив пораз од грчки Ираклис...

Кошарка

ТФТ го затвори шестото коло со драма, четири екипи се израмнија зад МЗТ

ТФТ го совлада МКК Куманово со 89:87 во Скопје и го комплетираше шестото коло во МТЕЛ Суперлигата. Сила ги погоди двете решавачки слободни...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!