Прва женска фудбалска лигаФудбал

Вјолца Изеири ќе им суди на Скопје и Пелистер, Ангелчо Ристов главен во Струмица

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од осмото коло на Првата женска фудбалска лига.

Колото ќе биде отворено утре со натпреварот меѓу Тиверија Брера и Истатов, кој се игра во Струмица од 16:30 часот.

Главен судија на овој меч ќе биде Ангелчо Ристов, а негови помошници ќе бидат Ване Дупкаров и Зоран Ангелов, а пак контролор ќе биде Ѓорги Карајанов.

Сите останати средби ќе се одиграат в недела.

Кочани на домашен терен ќе игра со Каменица Саса, а правдата ќе ја дели Крумислав Ѓоргиев, ќе му помагаат Ристов Ѓоргиев и Радмила Неркова, додека пак Винко Смокварски ќе биде контролор. Натпреварот ќе започне во 16 часот.

Мечот на Пржино меѓу Скопје и Пелистер ќе го суди Вјолца Изеири, а помошници ќе бидат Елена Соклевска Илиевски и Тамара Цветановиќ, а контролор ќе биде Бурханедин Салихи.



Љуботен на домашен терен ќе го пречека тимот на Ас Јунајтед, а Марјан Стојановски ќе дели правда, додека пак покрај аут линиите ќе бидат Куштрим Лика и Зоран Јанкуловски. Контролор на овој натпревар ќе биде Драган Ристовски.

Главен арбитар на мечот меѓу Речица и Вардар ќе биде Марјан Дејаноски, а негови асистенти ќе бидат Даниел Василевски и Станко Митровиќ, додека пак контролор на овој натпревар ќе биде Билјана Миланова.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РакометРакометна репрезентација

Лазаров пред нов предизвик: Можно е да ја преземе и младинската репрезентација!

Македонскиот ракомет би можел да добие интересна селекторска комбинација пред Светското првенство за ракометари до 21 година, кое следното лето ќе се одржи...

Ракомет

Охрид е прв фаворит во ЕХФ Европскиот Куп, Алкалоид веднаш зад водечката тројка!

Европската ракометна федерација ги објави проценките за силата на 64-те екипи кои продолжуваат во ЕХФ Европскиот Куп, пред натпреварите од второто коло. Македонските...

Поврзани написи
Фудбал

ФК „Карпошово“ покажа дека фудбалот е за сите – балканска титула за македонскиот тим!

Фудбалскиот тим ФК „Карпошово“, составен од спортисти со Даунов синдром и лесна...

КупФудбал

КУП: Брера против Арсими, Струга Трим Лум ја доби Беласица, Вардар со Тиквеш

Во „Куќа на фудбалот“ во присуство на претставници на клубовите учесници, денеска...

Втора лигаФудбал

Осмото коло на Втора лига ќе се игра во два дена со два мечеви под рефлектори

Осмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се игра во два...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!