Ракомет

Охрид го чека пеколен октомври: шест мечеви за „гладијаторите“!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

ГРК Охрид влегува во месецот со еден од најгустите натпреварувачки распореди во досегашниот дел од сезоната. Охриѓани во октомври ги очекуваат дури шест натпревари, а календарот носи и европски предизвици и важни пресметки во Супер лигата.

Маратонската серија започнува на 3 октомври, кога „гладијаторите“ гостуваат кај актуелниот шампион Вардар во рамките на 5. коло од Супер лигата. Само седум дена подоцна, на 10 октомври, Охрид ќе биде домаќин на Алкалоид во „Билјанини извори“.

По домашниот првенствен натпревар следува првиот европски предизвик. На 23 октомври Охрид ќе го пречека Спор Тото во „Билјанини извори“ во рамките на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, а само еден ден подоцна е закажан и вториот дуел со турскиот претставник.

Распоредот не им остава многу простор за одмор на охриѓани, бидејќи веќе на 27 октомври повторно ги очекува првенствена обврска. Во „Билјанини извори“ гостува Еурофарм Пелистер во натпревар од 8. коло на Супер лигата.

Октомврискиот циклус ќе биде затворен на 31 октомври со гостување кај Куманово во салата „Перо Наков“, во рамките на 9. коло.

Така, Охрид го очекува месец исполнет со сериозни предизвици, со шест натпревари во нешто помалку од четири недели. Покрај домашното првенство, „гладијаторите“ ќе имаат и двоен европски тест против Спор Тото, па октомври ќе биде вистински испит за тимот од „Охридската ракометна тврдина“.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Втора лигаФудбал

Фуркан Идризи ќе го суди дербито меѓу Охрид и Работнички, Јордан Јовановски главен во Струмица, Јован Качевски во Радовиш

В сабота се играат сите натпреварите од 9. коло на Втората македонска фудбалска лига, а сите стартуваат во 14 часот. Познати се и...

Поврзани написи
Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од...

Ракомет

Валах го затвори голот, ЕХФ го прогласи за херој на вечерта по триумфот на Вардар!

Вардар 1961 конечно стигна до посакуваната победа во Лигата на шампионите, откако...

Ракомет

Чупиќ: „Чекавме еден совршен натпревар и два бода на кои ќе можеме да им се израдуваме“

Ракометарите на Вардар 1961 приредија одлично издание на гостувањето кај францускиот Нант...

Ракомет

Бутел брка три гола негатива за европски пресврт пред домашната публика!

Ракометарите на Бутел Скопје ги очекува важен европски предизвик. Македонскиот тим, викендов...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!