РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски дебитираше со реми, Македонија одигра 1:1 со Црна Гора

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Репрезентациите на Македонија и Црна Гора ремизираа 1:1 во Битола во претпоследниот натпревар од квалификациите за Европското првенство за играчи до 21 година. За новиот селектор Александар Таневски, ова беше официјално деби на клупата на младата репрезентација.

Црна Гора прва се закани во Битола. По грешка во македонската одбрана, Вујовиќ доби простор за удар, но не беше прецизен. Македонија возврати во 10. минута преку Данев, кој проби низ средината, но неговиот удар заврши во блокот.

Во продолжението се играше претпазливо, со многу прекини и грешки на двете страни. Македонија првиот удар во рамките на голот го упати во 40. минута, кога Николовски шутираше од далечина, но Миниќ без поголеми проблеми интервенираше.

Само минута подоцна, Џеков мораше да покаже одлична реакција. Зековиќ упати незгоден удар, но македонскиот голман ја исфрли топката во корнер.

Црна Гора сепак успеа да го отвори резултатот во финишот на првото полувреме. Вујовиќ со одличен потег со пета го проигра Костиќ, кој ја искористи празнината во македонската одбрана и со удар од прва го совлада Џеков за 0:1.

Македонија во второто полувреме излезе со многу поголема енергија и веднаш го притисна противникот. Данев во една добро организирана акција го совлада Миниќ, но пречката спречи брзо израмнување.

Израмнувањето сепак стигна во 58. минута. Тасовски побегна зад последната линија на Црна Гора и беше соборен во шеснаесетникот. Судијата покажа на белата точка, а Љатифи презеде одговорност и сигурно реализираше за 1:1.

До крајот Македонија продолжи да го бара вториот гол. Најдобрата можност за целосен пресврт дојде во самиот финиш, кога нововлезениот Мехмед шутираше со глава од непосредна близина, но не успеа да ја погоди мрежата.

Со поделбата на бодовите, Македонија и Црна Гора освоија по еден бод во Битола. Македонската селекција квалификацискиот циклус ќе го затвори на 5 октомври со гостување против Шведска.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој треба да се одиграат на 25 март 2027 година. Ждрепката посака...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија со одлично второ полувреме, но Романија славеше во Букурешт

Женската сениорска репрезентација на Македонија со пораз го започна настапот во претквалификациите...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Ѓорѓиевски: Верувам дека Македонија може до позитивен резултат

А репрезентацијата на Македонија продолжува со подготовките за последните два натпревари од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!