Ракомет

Ла Риоха го шокира Пелистер во Битола

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Еурофарм Пелистер не успеа со позитивен резултат да ја започне европската сезона, откако на домашен терен претрпе убедлив пораз од Ла Риоха со 24-31.

Шпанскиот состав уште од самиот почеток наметна ритам кој домашниот тим не успеа да го следи. Ла Риоха поведе со 5-0, а пелистерци долго чекаа на својот прв погодок. Наместо да се доближи до противникот, Еурофарм Пелистер продолжи да се мачи во нападот, па гостите постепено ја зголемуваа предноста.

На полувремето шпанскиот тим замина со +8, при резултат 8-16, а сличната слика продолжи и по паузата. Ла Риоха во вториот дел без поголеми проблеми го контролираше резултатот, а во еден момент стигна и до двоцифрена предност.

Главниот фактор во победата на гостите беше Хоан Ледо, кој одигра фантастичен натпревар меѓу стативите. Голманот на Ла Риоха со своите интервенции им создаваше огромни проблеми на пелистерци, а мечот го заврши со 21 одбрана од 45 удари. Покрај тоа, трипати успеа да погоди и од својот гол во празната мрежа на домаќинот.

Пелистер во финишот се обиде барем да ја намали разликата и со серија од 4-1 стигна до 21-29, но немаше доволно време за посериозен камбек. Ла Риоха рутински ја доврши средбата и дојде до значајни бодови од Битола.

Алваро Мартинез беше најефикасен кај победничкиот состав со шест гола, додека Да Силва Оливеира, Рамос, Д’Антино и Мартинез постигнаа по четири. Во редовите на Еурофарм Пелистер, Петар Атанасијевиќ и Самоил Ристевски запишаа по четири погодоци, а Кајалџиески три.

Поразот има дополнителна тежина бидејќи и Гдањск приреди изненадување во првото коло со победа на гостувањето кај Гумерсбах. Токму полскиот тим ќе биде следниот противник на пелистерци, кои на 6 октомври ќе гостуваат во Полска во второто коло од Европската лига.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Македонските навивачи го загреваат Глазгов – Кипре и Јованка пристигнаа, се подготвува голем собир пред дуелот со Шкотска!

Глазгов полека се обојува во црвено-жолто пред утрешниот фудбалски натпревар меѓу Шкотска и Македонија, кој ќе се одигра на легендарниот „Хампден парк“, со...

Поврзани написи
Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10....

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!