Прва лигаФудбал

Иван Варадиновски е нов тренер на Скопје, Иван Настевски и Јасмин Мециновиќ помошници

Сподели
Сподели



Прволигашот Скопје има нов шеф на стручниот штаб, откако штипскиот стратег Иван Варадиновски постигна договор со раководството на клубот и ќе го преземе тимот, по оставката на Муарем Муарем, кој продолжи во Башкими.

За Варадиновски ова ќе биде прв тренерски ангажман во Првата македонска фудбалска лига, откако досега стекна искуство во повеќе клубови од домашниот фудбал.

Младиот стратег последно го предводеше Новаци, додека во минатото работеше и со Кожуф, Детонит Плачковица, Каменица Саса и Кит Го од Пехчево. Најголемиот успех во досегашната тренерска кариера го оствари со Детонит Плачковица, со кој стигна до баражот за пласман во Првата лига против Вардар.

Во периодот во кој го предводеше радовишкиот клуб, Варадиновски остави сериозен белег на домашен терен – Детонит Плачковица немаше пораз и не прими гол во Радовиш, што остана запишано како една од највпечатливите серии во поновата историја на клубот.

Помошници на Варадиновски ќе бидат Иван Настевски и Јасмин Мециновиќ, кој ќе работат со него во стручниот штаб.

Во минатото Иван Варадиновски и Иван Настевски како фудбалери го носеа дресот на ФК Скопје, а денес се враќаат во клубот од Автокоманда во нова улога.

Сега пред Варадиновски е нов предизвик и значително поинаква задача. Скопје по осум одиграни кола сè уште нема победа, има три нерешени средби и пет порази, па со три освоени бода се наоѓа на последното, десетто место на табелата.



Првата задача на Варадиновски ќе биде да ја прекине резултатската криза и да го донесе Скопје до првата победа, а крајната цел е обезбедување опстанок во македонската фудбалска елита.

Варадиновски од денес го започнува предизвикот со Скопје, а Спортска Мрежа наскоро  ќе го донесе и првиот разговор со новиот тренер на „пиратите“.



Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!