Кошарка

Спасев: Лигата ќе биде изедначена, секој натпревар ќе биде важен

Сподели
ФОТО: КК Пелистер
Сподели

Новата кошаркарска сезона во Македонија стартува претстојниот викенд, со што и официјално се враќаат возбудувањата на терените во „МТЕЛ“ Супер лигата.

Пред почетокот на новата сезона, тренерите ги отвораат картите и ги споделуваат своите очекувања за она што следува – од подготвителниот период и формата на екипите, до квалитетот на лигата и значењето на првото коло.

Еден од тренерите кои ги споделија своите очекувања е Тане Спасев, шеф на стручниот штаб на Пелистер. Битолскиот тим во новата сезона влегува со млада екипа, а Спасев смета дека подготовките поминале на солидно ниво.

„Секогаш може подобро и повеќе, но во согласност со временскиот период што го имавме на располагање, би рекол дека сме на солидно ниво и го очекуваме почетокот на првенството во добра атмосфера“, вели Спасев.

Според стратегот на Пелистер, оваа сезона се очекува голема изедначеност во МТЕЛ Супер лигата, каде што секој натпревар може да има значајно влијание врз конечниот пласман.

„Лигата ќе биде изедначена и секој натпревар ќе биде од огромна важност за крајниот распоред на табелата. Победа или кош-разлика ќе бидат пресудни и може да имаат влијание во конечниот распоред на табелата во однос на две-три места на подобро или полошо.

Нашата предност би требало да биде одбраната, брзата игра и трансформацијата од одбрана во напад, како и шутот за три поени“, посочува Спасев.

Првото коло, пак, секогаш носи посебна тежина, особено од психолошки аспект. Пелистер сезоната ќе ја започне со желба за победа, но и со порака дека младата екипа има што да покаже.

„Секој почеток е тежок, дали на домашен терен или на гости. Ја повикувам битолската публика да дојде во салата во што поголем број и да ја поддржи оваа млада екипа. А ние ќе дадеме сè од себе да победиме и да покажеме добра игра со која тие би биле горди и задоволни“, порача тренерот на Пелистер.

МТЕЛ Супер лигата стартува овој викенд, а првите натпревари ќе дадат и првична слика за формата и амбициите на екипите во новата сезона.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Кошарка

Баскет Дино со три од три на врвот во Аматерската лига – следува дерби со непоразената Шар Планина!

Кошаркарите на Баскет Дино од Кочани продолжуваат со одличните настапи во Аматерската...

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот,...

Кошарка

ТФТ го затвори шестото коло со драма, четири екипи се израмнија зад МЗТ

ТФТ го совлада МКК Куманово со 89:87 во Скопје и го комплетираше...

Кошарка

КФМ бара итна оставка од претседателот на МОК, Даниел Димевски!

Кошаркарската федерација на Македонија побара итна и неотповиклива оставка од претседателот на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!