РепрезентацијаФудбалска репрезентација

387 дена без победа, 315 без гол: Македонија во сериозна резултатска криза

Сподели
Сподели

Продолжува резултатската криза на македонската фудбалска репрезентација. Националниот тим вечерва во Љубљана загуби со 2:0 од Словенија во второто коло од Лигата на нации, со што остана без бодови по првите две средби.

Македонија на победа чека уште од 7 септември 2025 година, кога со убедливи 5:0 го совлада Лихтенштајн. По вечерашниот пораз, тоа значи дека поминаа 387 дена од последниот триумф на репрезентацијата.

Уште подолга е голгетерската суша. Последниот погодок за Македонија го постигна Бојан Миовски на 18 ноември 2025 година во поразот од Велс (7:1). Оттогаш минаа 315 дена, а македонската репрезентација не успева да ја затресе противничката мрежа.

Во меѓувреме, Македонија влезе и во негативна серија од три последователни порази, а во последните пет натпревари противниците постигнаа вкупно девет гола, додека нашата селекција не постигна ниту еден.

☕ Поддржи ја Спортска Мрежа со едно кафе и помогни ни да продолжиме со секојдневното следење на македонскиот спорт

По поразот од Швајцарија во Скопје и неуспехот против Словенија во Љубљана, Македонија има уште еден меч пред себе во краток временски период. Време за одмор практично нема, бидејќи веќе на 3 октомври во Скопје следува дуелот со Шкотска во рамките на третото коло од Лигата на нации.

Пред македонските фудбалери е нова можност да ја прекинат црната серија, која веќе трае повеќе од една година кога станува збор за победите, а повеќе од десет месеци кога се во прашање головите.

Сподели

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!