Останати репрезентацииРепрезентација

Стојановска: Спортот не учи да градиме посилен карактер и да се враќаме посилни

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Во италијанскиот град Парма традиционално се одржува Европското првенство за тенисери и тенисерки до 16 години, на кое македонските претставници имаа забележителен настап.

Особено се издвои Сара Митевска, која стигна до четвртфиналето и беше на чекор до пласман во самата завршница на шампионатот. Сепак, во четвртфиналниот дуел против Германката Милена Стеинкамп, Митевска доживеа пад, по што поради повредата беше принудена да го предаде мечот.

Интересно е што Стеинкамп, која беше противничка на Митевска во четвртфиналето, продолжи со одличните настапи и на крајот ја освои европската титула.

Митевска претходно приреди одлична изведба во осминафиналето, каде убедливо ја совлада Романката Поп. Станува збор за тенисерка која се наоѓа и меѓу најдобрите во конкуренција до 18 години, а во Парма беше прва носителка.

 “Европското првенство е секогаш настан со високо ниво и добар „репер“ за тоа во која насока треба да се движат нашите репрезентативци со нивниот развој. Тие одиграа коректно и борбено, излегоа мотивирани за работа и враќање на такви настани од повисоко ниво со повисоки цели што е еден позитивен момент во нивниот играчки развој. Забележителен резултат постигна Сара, која играше на високо ниво целиот турнир и стигна до четвртфиналето, каде имаше шанси за победа, кои не ги искористи. Но, спортот не учи и низ такви лекции да градиме посилен карактер и да се вратиме посилни и поподготвени на теренот”, изјави капитенот Тања Стојановска.

Во составот на македонскиот тим покрај Сара Митевска, беа уште Лина Николовска кај девојките и Марко Алексовски и Алексеј Стојановски кај момчињата. Ова беше 50.то издание на Европскиот шампионат и настапија 157 тенисери и тенисерки од 45 членки на Tennis Europe.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој треба да се одиграат на 25 март 2027 година. Ждрепката посака...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија со одлично второ полувреме, но Романија славеше во Букурешт

Женската сениорска репрезентација на Македонија со пораз го започна настапот во претквалификациите...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Ѓорѓиевски: Верувам дека Македонија може до позитивен резултат

А репрезентацијата на Македонија продолжува со подготовките за последните два натпревари од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!