Трета лигаФудбал

Одличен старт на Пчиња во Трета лига регион 2 под водство на младиот тренер Никола Цветковиќ

Сподели
Сподели

Третолигашот Пчиња одлично ја започна сезоната 2026/27, а еден од најзаслужните за позитивниот старт е 25-годишниот Никола Цветковиќ, кој за првпат во кариерата ја има улогата на главен тренер.

Цветковиќ, кој поседува УЕФА Б лиценца, ја доби довербата да го предводи првиот тим на Пчиња, а резултатите во воведниот дел од сезоната покажуваат дека клубот направил избор во кој има причина да верува.

Во првите три натпревари под негово водство, Пчиња е без пораз, со две победи и едно реми. Со освоени седум бода, тимот моментално се наоѓа на второто место во Третата лига – Регион 3.

Добриот резултатски почеток е потврда за работата, посветеноста и енергијата која младиот стратег ја внесе во екипата, но и за амбициите на Пчиња во новата сезона.



За Цветковиќ ова е прв предизвик како шеф на стручен штаб на сениорски тим, а стартот му носи дополнителна мотивација да продолжи во ист ритам.

Од Пчиња му посакаа многу успеси во продолжението на сезоната, со верба дека неговата тренерска кариера во иднина ќе го однесе и на уште поголема сцена.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Дмитро Хориха: Ти благодарам, Македонијо, за довербата, за љубовта и за тоа што стана многу повеќе од само една земја за мене

Дмитро Хориха и официјално има право да игра за македонската ракометна репрезентација, тоа беше денес потврдено на прес-конференцијата на Ракометната федерација на Македонија....

Останато

Општина Битола му оддаде признание на младиот боксер Арабел Рустемовски за освоениот бронзен медал на Европското првенство

Младиот боксер Арабел Рустемовски, кој освои бронзен медал на Европското првенство за боксери до 17 години во Будва, Црна Гора, беше примен во...

Поврзани написи
Фудбал

ФК „Карпошово“ покажа дека фудбалот е за сите – балканска титула за македонскиот тим!

Фудбалскиот тим ФК „Карпошово“, составен од спортисти со Даунов синдром и лесна...

КупФудбал

КУП: Брера против Арсими, Струга Трим Лум ја доби Беласица, Вардар со Тиквеш

Во „Куќа на фудбалот“ во присуство на претставници на клубовите учесници, денеска...

Втора лигаФудбал

Осмото коло на Втора лига ќе се игра во два дена со два мечеви под рефлектори

Осмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се игра во два...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!