Останато

ФОТО: Штип УГД во полна пареа пред новата сезона, две проверки со Феризај пред историскиот настап во Лигата на шампионите

Сподели
Сподели



Одбојкарскиот шампион на Македонија, Штип УГД, продолжува со подготовките за новата сезона, а во рамки на подготвителниот период одигра два контролни натпревари против косовскиот ОК Феризај.

Штипјани во двата дена одиграа по четири тренинг-сета, со цел воигрување на составот и постепено темпирање на формата пред стартот на новата сезона. Првиот натпревар, одигран на гостински терен, заврши со 2:2, додека денес во новиот дом – СЦ „Џексон“ – Штип УГД славеше со 3:1.

Резултатот во овие средби беше во втор план, а фокусот беше ставен на тактичките замисли, воигрувањето и подигнувањето на натпреварувачкиот ритам.

За Штип УГД претстои сезона во која клубот ќе има големи предизвици. Штипјани минатата сезона ја испишаа клупската историја, освојувајќи ја првата шампионска титула на Македонија, а третпат во низа го кренаа и Купот на Македонија, со што за првпат во својата историја стигнаа до двојна круна.

Екипата предводена од крушевскиот стратег Кристијан Ристески сега се подготвува за обид да ги одбрани двата трофеи, но и за историскиот европски предизвик.

Штип УГД за првпат ќе настапи во Лигата на шампионите, каде во дебитантскиот настап ќе се соочи со шампионот на Холандија, Орион Старс.

Со тоа, двата натпревари против Феризај се само дел од подготовките на македонскиот шампион пред сезоната во која штипскиот клуб ќе има можност повторно да се бори за домашните трофеи, но и за првпат да се претстави на најголемата европска одбојкарска сцена.



Сподели

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус од Лигата на нации, откако во Луцерн загуби од Швајцарија со...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига, откако на гостувањето кај Вибжеже Гдањск одигра 31-31 во натпревар со...

Поврзани написи
Останато

Сопиште доби ново мултифункционално спортско игралиште

Жителите на Општина Сопиште од денеска имаат современ и функционален спортски простор,...

Останато

Мохамед Атум пристигна во Македонија,18 млади пинг-понгари на камп во Пехчево

Мохамед Атум од Јордан, тренер од мрежата на Меѓународната пинг-понг федерација (ITTF),...

Останато

Митев: Олимпијакос е прв фаворит, шансата ќе ја бараме против Дрита

Македонскиот вицешампион Наковски Волеј втора сезона во низа е дел од меѓународната...

Останато

Штип УГД тргнува по нов трофеј: Суперкупот е првата станица кон одбрана на двојната круна

Нова сезона, нови предизвици и нова можност за трофеј за Штип УГД....

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!