Ракомет

Куманово до драматичен бод против Мулти Есенс, голема драма во финишот

Сподели
ФОТО: РК Мулти Есенс
Сподели

Ракометарките на Куманово и Мулти Есенс одиграа исклучително неизвесен натпревар, кој по голема драма во завршницата заврши без победник, 33:33.

Гостинскиот состав од Автокоманда во поголемиот дел од средбата ја имаше контролата над резултатот и во неколку наврати успеваше да стигне до предност од шест гола. Сепак, Куманово не се откажа и во последните минути направи голем пресврт.

Мулти Есенс во последната минута влезе со три гола предност, но не успеа да ја сочува. Домашните ја искористија серијата грешки на младиот состав, а во последниот напад Наум Костов погоди непосредно пред истекот на времето за голема радост на кумановската публика и конечни 33:33.

Костов беше и најефикасен во домашниот состав со 12 погодоци, додека Мамдух придонесе со девет. Кај Мулти Есенс, Матевски го заврши натпреварот со 10 гола.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Натпреварот Вардар – Бутел е поместен за понеделник

Натпреварот меѓу Вардар и Бутел Скопје, наместо викендов, ќе се одигра во понеделник, на 19 октомври. Промената на терминот доаѓа поради настапот на...

Ракомет

Пелистер убедлив во Прилеп, Кузмановски со девет гола ги предводеше битолчани

Еурофарм Пелистер продолжува сигурно да чекори низ Суперлигата. Битолчани без поголеми проблеми го решија гостувањето кај Прилеп, славејќи со убедливи 39-23, со што...

Поврзани написи
Ракомет

Натпреварот Вардар – Бутел е поместен за понеделник

Натпреварот меѓу Вардар и Бутел Скопје, наместо викендов, ќе се одигра во...

Ракомет

Пелистер убедлив во Прилеп, Кузмановски со девет гола ги предводеше битолчани

Еурофарм Пелистер продолжува сигурно да чекори низ Суперлигата. Битолчани без поголеми проблеми...

Ракомет

Бутел ја испушти победата во Хрватска, Горица се спаси со пресврт во финишот  

Ракометарите на Бутел Скопје пропуштија можност за позитивен резултат на гостувањето кај...

Ракомет

Алкалоид со сигурен чекор кон следната рунда, Ферлах падна во „Автокоманда“!

Ракометарите на Алкалоид на најдобар начин ја започнаа европската авантура, откако на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!