Ракомет

Шампионот Вардар сигурен во Кавадарци, триумф над Тиквеш

Сподели
ФОТО: РК Вардар
Сподели

Македонскиот шампион Вардар 1961 продолжува со максимален учинок во ракометната Суперлига. „Црвено-црните“ славеа на гостувањето кај ГРК Тиквеш со 35:27, во натпревар од четвртото коло во Суперлигата.

Кавадарчани имаа добар старт и во воведниот дел успеваа да му парираат на фаворизираниот гостин, но Вардар постепено ја презеде контролата врз натпреварот. На полувремето скопскиот состав имаше предност од 18:14.

Тиквеш не се предаде и во вториот дел успеа да се доближи на само еден гол негатива, но Вардар брзо одговори со серија погодоци и повторно се одлепи, по што рутински го приведе натпреварот до крај.

Матео Фадуил со седум гола беше најефикасен кај Вардар, додека Леон Љевар постигна шест. Голманот Милош Валах имаше одлична партија со 11 одбрани. Кај домашните, Тоше Ончев постигна шест, а Мохамед Азиз пет гола.



Вардар со новите бодови продолжува со максимален ефект, а во следното коло го очекува големото дерби против Охрид на домашен терен.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0 во пријателскиот натпревар одигран во Нови Сад. Избраниците на Александар Таневски...

Поврзани написи
Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10....

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!